Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика на построга политика кон мигрантите и бегалците во Европската унија.

- Прво треба да испратиме јасен сигнал, дека Европа е затворена и дека повеќе никој не може да доаѓа тука, истакна Бабиш за весникот „Право“.

Според него, пораката на Европа за бегалците треба да биде „седете си дома и ќе ви помогнеме таму“.

- Пораката треба да не биде двосмислена. Ако сум рекол дека нема да прифатиме ниту еден илегален мигрант, значи тоа ќе се случи, потенцираше Бабиш.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2018 00:53