Кичевец бил потешко повреден синоќа откако паднал од приколка натоварена со дрва што ја влечела работна машина „Боб кет“.

Како што информира МВР, несреќата се случила синоќа околу 20 часот на улица „Амит Челопечанец“ во Кичево. Работната машина, што била со кичевски регистрски ознаки, ја управувал А.Љ.(75) од Кичево.

Повредениот М.Р.(52), по незгодата е префрлен во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е испратен во болницата „Свети Еразмо Охрид“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2018 11:21