Белгиската полиција денеска соопшти дека во пристаништето Гент заплени два тона кокаин.

Дрогата е откриена во вторникот на брод кој пристигнал од Бразил. Тоа е рекордно количество откриен кокаин во Гент.

Според властите на Европска унија во 2016 година запленти се 71 тон наркотици на територијата на Унијата, од кои во Белгија конфискувани се 30 тони.

Долг период наркотиците во Европа пристигнуваа во белгискиот град Антверпен, но запленетиот кокаин покажува дека е сменета трасата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2018 15:24