Серија од три земјотреси, првиот со интензитет од шест степени според Рихтерова скала, синоќа го погодија западниот дел на Иран.

Според локалните медиуми, едно лице загина, а стотина се повредени.

Американскиот геолошки институт соопшти дека другите два земјотреса биле со интензитет од 4,4 и 4,2 степена, а епицентарот се наоѓал во близина на градот Џаванруд во провинцијата Керманшах.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2018 10:48