Авганистанскиот претседател Ашраф Гани не ги прифати оставките, поднесени вчера од тројцата високи претставници на власта, одговорни за безбедносни прашања, соопшти Владата во Кабул.

Министрите за одбрана и за внатрешни работи, Тарик Шах Бахрами и Ваис Ахмад Бармак, како и еден шеф на безбедносните служби поднесоа вчера оставки по барање на претседателот на државата. Според локалните медиуми, причина за оставките бил ракетниот напад врз Кабул извршен на 21 август.

Владин портпарол потврди денеска дека Гани побарал од тројцата функционери да продолжат да ги извршуваат своите задачи и да работат за подобрување на безбедноста.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2018 11:27