Њујорк тајмс

Антената, која се издига во пустина, изгледа како илузија, треперлива кула од 16 ката над ветровитиот појас Патагонија.

Направата тешка 410 тони е централен дел од педесет милиони долари вредната контролна станица на вселенските мисии, која ја гради кинеската армија. Базата е еден од највпечатливите симболи на напорите на Пекинг да ја трансформира Латинска Америка и да ја обликува нејзината иднина за следните генерации.

Станицата започна со работа во март и има важна улога во кинеската експедиција на далечната страна на Месечината – потфат за кој аргентинските власти велат дека ќе го поддржат. Но, начинот на кој се преговараше за базата и загриженоста дека таа би можела да и помогне на Кина во собирање на разузнавачки информации, поттикнаа дебата за ризиците и придобивките од влегувањето во кинеската орбита.

- Пекинг ја трансформира динамика на регионот, од плановите на неговите лидери и бизнисмени до структурата на економија, содржината на политиката, па дури и динамиката на безбедноста, вели Р. Еван Елис, професор по латино-американски студии на Воениот колеџ на Армијата на САД.

Поголемиот дел од изминатите децении, САД не посветуваа големо внимание на остатокот од Америка. Наместо тоа, тие се свртеа кон Азија со надеж ќе ги зајакнат економските, воените и дипломатските врски во рамките на стратегијата на администрацијата на Обама за ограничување на Кина. Од доаѓањето на власт, администрацијата на Трамп го напушти овој пристап, го напушти договорот за слободна трговија со тихи-океанските земји, започна глобална трговска војна и постојано се жали поради товарот на безбедносните обврски на Вашингтон кон своите најблиски сојузници.

За сето ова време, Кина дискретно го спроведуваше својот план во Латинска Америка. Ги прошири трговските врски, им помага на владите, гради инфраструктура, ги зајака воените врски и бара ресурси. Во извештајот од 2008 година, Пекинг тврдеше дека земјите од Латинска Америка се „на сличен стадиум на развој" како Кина и дека двете страни би можеле многу да добијат од соработката.

Лидерите во регионот беа повеќе од отворени за соработка. Приматот над Латинска Америка, кој Вашингтон во голема мера го зема здраво за готово, ги доведоа во прашање левичарските претседатели кои владеат во најголемиот дел од регионот и сакаат поголема автономија.

Пристигнувањето на Пекинг се случи на врвот од финансиската криза. Користејќи го кинескиот апетит за нафта, железо, соја и бакар регионот во голема мера беше заштитен од најголемата економска штета. Потоа, како што цената на нафтата и другите стоки падна во 2011 година, неколку земји во регионот сеа најдоа во неволја. Повторно, Кина им излезе во помош, договарајќи договори, кои дополнително ја зацврстија нејзината улога во Латинска Америка во наредните децении.

Дури и со делови од Латинска Америка, кои одат во политичка десница во последниве години, нивните лидери својата политика ја кројат за да ги исполнат барањата на Кина. Доминацијата на Пекинг во поголем дел од регионот доаѓа во фокусот. „Тоа е готова работа", изјави Диего Гвелар, амбасадор на Аргентина во Кина.

Трговија меѓу Кина и земјите од Латинска Америка и Карибите минатата година изнесуваше 244 милијарди американски долари, двојно повеќе од пред една деценија, според Центарот за глобална развојна политика на Универзитетот Бостон. Од 2015 година, Кина е главен трговски партнер на Јужна Америка. Можеби уште позначајно, Кина даде позајмици вредни десетици милијарди долари во замена за поголемиот дел од нафтата во во регионот во наредните години.

Овде во Аргентина, земја која е исклучена од меѓународните кредитни пазари, Кина беше од Бога дадена на тогашната претседателка Кристина Фернандез де Кирхнер. Идодека помагаше, Кина започна тајни преговори што доведоа до изградба на сателитска и вселенска контролна станица. Експертите велат дека технологијата во станиците може да се користи на многу начини. Френк Роуз, помошник државен секретар во администрацијата на Обама, вели дека американските разузнавачки и безбедносни претставници загрижено гледаа како Кина развива технологија, која може да се меша, да расипе и уништи сателити.

Антените и другата опрема што се користи за поддршка на вселенските мисии може да ја зголеми способноста на Кина да собира информации, велат експертите. Кинеските власти ги одбија барањата за интервју.

„Прозорец кон светот“

Надвор од какво било стратешко натпреварување со САД, некои лидери од Латинска Америка сега почнуваат да ги преиспитуваат нивните врски со Кина, загрижувајќи што претходните влади ја продадоа нивната иднина.

Но Гврлар вели дека прекинување на соработката со Кина би била кратковида одлука, особено во време кога Вашингтон се повлече од својата улога на политичко и економско сидро на регионот.

Аргентинската влада беше во криза во 2009 година. Бесот гореше. Кина доаѓа. Првиот беше постигнат договорот од 10,2 милијарди долари, кој помогна да се стабилизира пезосот, а потоа Пекинг вети дека ќе инвестира десет милијарди долари во поправка на железничката пруга. Тој, исто така, испрати тим во Аргентина за да се разгледаат вселенските амбиции на Кина.

Кинескиот сателит и контролата за следење, одделение на кинеската војска, се наоѓа на 200 хектари во провинцијата Неукен во Аргентина. Опкружен со планини и далеку од населбите, тоа е идеално место за Пекинг да ги надгледува сателитите и вселенските мисии. По неколку месечни тајни преговори, провинцијата Неукен и кинеската влада потпишат договор во ноември 2012 година, врз основа на кој Кина доби право на земјата на 50 години. Бети Крејтман, пратеничка во Неукен во тоа време, рече дека е вџашена од тоа што на кинеската војска и било дозволено да воспостави база на аргентинско тло. По посетата на страницата, таа беше уште позагрижена. „Тоа е прозорец кон светот", се присети дека едно кинеско официјално лице тогаш рече. „Тоа ме исплаши. Што правите со прозорецот кон светот? Ја шпионирате реалноста".

Брз раст и потоа опасност

Кинески документ за Латинска Америка од 2008 година, им ветува на владите од регионот дека тие ќе бидат „третирани како еднакви", што беше јасна референца на асиметричен однос на САД и нивните соседи во хемисферата.

Новиот сојуз требаше да ја турне Латинска Америка во развој на кој ќе позавидеа Европа и САД. Но, светските цени на стоките паднаа. Во јули 2014 година, со неколку левичарски претседатели во економии од стрес, Кина сигнализираше поамбициозен план за регионот.

Во октомври 2015 година, кинеското Министерство за одбрана ги покани официјалните претставници од 11 земји од Латинска Америка на десетдневен форум за воена логистика. Самитот беше резултат на врските на Кина со армиите на Латинска Америка. Кина, исто така, организираше обука и ги покани воените офицери во посета.

Контактите и овозможија на Кина да започне со продажба на воена опрема во Латинска Америка, која долго време бараше американска, рече Елис.

Тој објаснува дека Кина работела на соработка со земјите од Латинска Америка, а за цело време водела сметка за евентуален конфликт со САД. „Кина се позиционира во свет, кој е безбеден за нејзиниот раст", кажа Елис.

Неколку недели по отворањето на вселенската станица во Патагонија, САД соопштија дека ќе финансира центар за кризни ситуации во Неукен вреден 1,3 милиони долари- прв ваков американски проект во Аргентина. Американски официјални лица тврдат дека проектот нема никаква врска со вселенската станица.

Експертите за Латинска Америка во администрацијата на Обама гледаат со смрзнување на порастот на Кина во регионот.

Додека американскиот претседател Барак Обама го фалеа во регионот за повторно воспоставување дипломатски односи со Куба кон крајот на 2014 година, планот на Вашингтон отсекогаш бил фокусиран на војната против дрогата и илегалната имиграција.

Додека администрација на Трамп допрва треба да ја артикулира јасна политика за хемисферата, поранешниот државен секретар Рекс Тилерсон предупреди дека Кина „ја користи својата економска моќ за да го повлече регионот во својата орбита. Прашањето е, по која цена?".

По тоа прашање жестоко се дискутира во некои агли. Поранешниот претседател на Еквадор, Рафаел Кореа, во февруари беше испрашуван од обвинителите дали одлуката резервите на сурова нафта да и се ветат на Кина ќе им наштети на национални интереси.

Во Боливија, неколку индустрии почнаа да пропаѓаат како кинеските производи станаа поевтини и подостапни, вели Самуел Дори Медина, бизнисмен кој трипати губеше од претседателот Ево Моралес.

А во последниве месеци, Пекинг ја убеди Панама и Доминиканската Република да ги прекинат врските со Тајван, значајна победа за еден од приоритетите на кинеската надворешна политика.

„Луѓето се плашат"

Набргу откако беше назначен за амбасадор на Аргентина во Кина на крајот на 2015 година, Гвелар вели дека одлучил повторно да преговара за договор за вселенска станица. Поранешната влада, вели, даде премногу и не прецизираше дека базата може да се користи само за мировни цели. „Сето тоа беше многу сериозно", рече тој. „Во кој било момент, тоа би можело да стане воена база". На негово изненадување, Кинезите се согласија да ја користат базата само за цивилни цели. Но, тоа не ја намали загриженоста на Бахад дел Агри, градот што е најблиску до станицата. Градоначалникот Рикардо Фабијан Еспарка вели дека Кинезите го поканиле да ги види снимките на антената. „Со овој телескоп, тие веројатно може да видат каква долна облека носите", рече тој.

САД треба да бидат загрижени, смета Еспарка,. Базата вели: „Е око кое гледа кон таа земја".



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2018 11:30