Непознати сторители украле 42 автоматски пушки од полициски магацин во Парагвај и ги замениле со дрвени и пластични реплики.

Инспекцијата била спроведена дури по една година откако пушките ФН ФАЛ почнале да се појавуваат на црниот пазар, каде некои достигнале и цена од 10.000 долари.

Се претпоставува дека дел од пушките завршиле во Аргентина, а дека дел биле прошверцувани во Бразил.

Парагвајските медиуми објавија фотографии од репликите на пушките и ова го нарекоа најсрамниот скандал во историјата на полицијата на оваа земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 00:58