Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Работник го освои трофејот на меѓународниот меморијален турнир „Заим Кобилиќ“ што викендот се одржа во Зеница, Босна и Херцеговина.
Битолчнаи вчеравечер во финалето го совладаа хрватскиот претставник Млад Рудар од Лабин со 30:21.
Игор Кузмановски со 11 погодоци беше најефикасен играч во финалето и прогласен е за најдобар ракометар на турнирот.
Во дуелот за третото место Вогошча го совлада домаќинот Челик со 29:24.
Следен предизвик на ракометарите на Еурофарм Работник е суперлигашкото дерби со градскиот ривал Пелистер.