Левиот бек на Вардар, Сергеј Горбок во следните неколку месеци ќе отсуствува од натпреварите поради скинати лигаменти на коленото.
Бекот на „црвено-црните“ се повреди во саботата на тренинг, а неколку денови се чекаше прво да се намали отокот за да може да се извршат потребните лекарски контроли. Горбок по две годишна пауза ова лето се врати во Скопје и потпиша договор со Вардар.
Поради повреда со тимот се уште не тренира голманот Даниел Ѓорѓески, а скршеница на дланката има Стојанче Стоилов кој ќе паузира неколку седмици.
На списокот на повредени играчи извесен период беа и Игор Карачиќ и Вуко Бозоран, но тие закрепнаа и се очекува вечер да бидат во составот на македонскито шампион во второто коло во СЕХА Газпром лигата против Железничар.
Натпреварот е закажан за 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански".