Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу се надева дека „Црвено-жолтите“ ќе ја оправдаат фаворитската улога на дуелот со Гибралтар на стартот во Лигата на нации.

- Знаеме дека нема лесни натпревари и така ќе се однесуваме и на дуелот со Гибралтар. Не го знаеме нивниот квалитет, но имаме доволно време да анализираме и да ги забележиме нивните слаби страни, па да славиме победа, изјави Муслиу за веб страната на ФФМ.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски вчера во комплетен состав одржаа едночасовен тренинг на „Викторија Стадион“.

Натпреварот се игра в четврток од 20:45 часот на терен со вештачка трева.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 10:13