Словенечкиот ракометар Грегор Оцвирк ќе биде дел од екипата на Вардар, а договорот е потпишан на две години со можност за уште една.

Оцвирк е веќе во Скопје и од утре ќе тренира со екипата на македонскиот првак. Тој игра на бековска позицијата каде во моментов во Скопје настапува и неговиот сонародник Сташ Скубе.

Оцвирк е еден од најдобрите младински играчи во Европа, а 20-годишниот ракометар беше дел од генерацијата која го освои златниот медал на последното ЕП во Словенија. Оцвирк постигна вкупно 57 гола и беше најдобра стрелец. На финалето на последното младинско ЕП, Оцвирк даде 11 гола на средбата со Франција, a беше и дел од Ол стар тимот на ЕП.

- Вардар продолжува да биде место каде ќе играат ракометари што во себе поседуваат големи квалитети. Оцвирк е играч за кој во иднина очекуваме многу да се слуша, и тоа пред сѐ позитивни работи. Веруваме дека неговата младост, талент и веќе докажан квалитет во комбинација со она што го има Вардар ќе биде добитна комбинација. Покажуваме дека работиме на создавање на тим што ќе ја продолжи победничката приказна на клубот. Веруваме дека заедно со Оцвирк ќе се радуваме на уште доста успеси, истакна извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски.

Вардар викендов патува за Словачка каде ќе игра натпреварот против Татран во рамките од СЕХА лигата. Оцвирк ќе замине со екипата за Прешов, но до целосно комплетирање на документацијата само ќе тренира.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 20:34