Ракометарките на Металург денеска претпеа убедлив пораз од 15:31 од француски Иси Париз во првиот натпревар од првото квалификациско коло во ЕХФ купот.

Француските ракометарки ја потврдија фаворитската улога и со предност од 16 гола практично уште по првиот натпревар обезбедија пласман во следната рунда.

Младиот состав на Металург од стартот на натпреварот имаше висока негатива, а гостинките од Франција не дозволија никаква можност за евентуален пресврт.

Металург во првиот дел постигна само четири гола и на паузата замина со 13 гола негатива (4:17).

Ракометарките на Иси Париз рутински го одиграа вториот дел и сосема очекувано дојдоа до победа.

Реванш натпреварот се игра утре повторно во Автокоманда.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2018 20:52