Македонскиот првак Вардар го совлада Татран Прешов со 26:27 на гостувањето во Словачка во рамки на третото коло во СЕХА лигата.

По воведните минути во кои се играше гол за гол, словачкиот тим успеа да воспостави минимална предност од два гола благодарение на грешките на ракометарите на Вардар.

Но, на десетина минути пред крајот на првото полувреме, Вардар успеа да ја консолидира играта, направи серија од неколку гола за резултатски пресврт и на паузата замина со предност од 10:13.

До средината на второто полувреме, Варадар имаше поголема контрола на теренот и со резултатските осцилации успеваше да одржува предност. Потоа имаше пад во играта на ракометарите на македонскиот првак, кои направија многу грешки и дозволија на три минути пред крајот на натпреварот Прешов да израмни.

Вардаровиот голман Дејан Милосављев имаше одлична серија од интервенции, вклучително и во последниот напад на словачките ракометари и на македонскиот тим му донесе победа од 26:27.

Врадар по три кола во регионалната лига има три победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2018 00:51