Поранешниот европски првак во ракомет Борац од Бања Лука денес престанува да работи поради финансиски и инфраструктурни проблеми.

Директор на клубот Владимир Бранковиќ рече дека Борац остана без било каква поддршка и сите селекции од најмладите до првиот тим престануваат со работа поради катастрофалните услови.

И покрај максималниот напор на Управниот одбор не сме во можност да ги обезбедиме основните услови за работа и затоа сме принудени на радикален чекор, изјави Бранковиќ.

Клубот од Бања Лука, минатата сезона го освои Купот на Босна и Херцеговина.

Борац е основан во 1950 година, шампионот на Европа беше 26 години подоцна и го освои Купот на ЕХФ во 1991 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2018 19:27