Раководството на светската антидопинг агенција (ВАДА) добила препорака да ги врати правата на руската антидопинг агенција (РУСАДА) и тоа значи дека руските атлетичари повторно ќе можат да учествуваат во меѓународни турнири.

- Светската антидопинг агенција доби препорака да ги врати правата на РУСАДА, изјавија од ВАДА.

Руските спортисти и РУСАДА беа суспендирани поради допинг-програмата спонзорирана од државата.

Извршниот комитет на ВАДА ќе се состане на 20-ти септември за да ја донесе одлуката.

Светската анти-допинг агенција е задоволна што РУСАДА ги почитувал неопходните препораки.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 14:28