Никој не може да се помири дека од оваа сезона МРТВ одлучи да не ги пренесува натпреварите од Лигата на шампионите, па оние кои имаа Арена 4 се снајдоа, но половина од фановите извисија.
По победата над Монпелје (27-24) преку својот „Фејсбук“ профил се огласи оперативниот менаџер на Вардар, Марко Савовски: „Посебен поздрав до одговорните во МРТВ,бидејќи одиме во надолна линија и нели нема потреба да ги пренесувате натпреварите на РК ВАРДАР“ П.с. чувајте си ги парите за мексикански сапуници, пиша Савовски.