Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо по победата над европскиот ракометен шампион Монпелје на гости го изрази своето задоволство од играта на тимот, откако изјави дека е горд на постигнатиот резултат.

„Црвено-црните“ забележаа победа од 24:27 во првото коло од новата сезона на Лигата на шампионите.

- Горд сум на ракометарите, кои остварија одличен резултат. Многу е тешко да се игра во Монпелје и да се дојде до победа. Игравме против актуелниот првак и стартувавме со триумф. Се браневме многу добро, голманот исто така имаше извонреден натпревар. Не е лесно да се игра со толку нови играчи, но успеавме да победиме еден од најдобрите тимови во Европа“, изјави Парондо на пресот по мечот.

Следниот противник во рамките на Лигата на шампионите ќе биде Кристијанштад, кој гостува на 22.септември, во СЦ „Јане Сандански“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 11:44