Претседателот на Барселона, Јосеп Марија Бартому, призна дека не знае дали натпреварот против Жирона ќе се игра во САД, но рече дека тоа е добра идеја.

- Не знам дали со Жирона ќе играме во Америка. Тоа не зависи само од нас, но оваа опција изгледа како многу добра идеја, изјави првиот човек на каталонскиот фудбалски гигант.

Средбата меѓу Барселона и Жирона од Шпанското фудбалско првенство е закажан за 26 јануари во Мајами на „Хард Рок“ стадионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2018 10:43