Еден од најдобрите поранешни ракометари на светот, Ненад Перуниќ е именуван за нов селектор на Србија.
Управниот одбор на Ракометната федерација на Србија донесе одлука прославениот играч и долгогодишниот тренер на Црвена ѕвезда да го преземе кормилото на националниот тим во следните четири години.
Перуничиќ има две бронзени медали со репрезентацијата како играч, на ЕП во 1996 во Шпанија и на Светското првенство во 1999 година во Египет.
На Олимписките игри во 2000 година во Сиднеј го освои четвртото место.
Функцијата тренер на Црвена ѕвезда ја извршува од 2011 година. Со „црвено-белите“ го освои Купот и Супер Купот на Србија.