Четириесет и седумгодишен пожарникар Г.Ј. од Скопје починал вчера откако му се слошило додека учествувал во гаснење на пожар во близина на Транзитниот центар за странци.

Пожарникарот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде починал во 18:30 часот. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Пожарот избил околу 16:30 часот и биле опожарени сува трева и дрвени кукички.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2018 12:30