Лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи вчера попладне имал сообраќајна несреќа откако возилото во кое се возел излетало од патот на десетина километри од Охрид во близина на охридскиот аеродром.

Возилото во кое Тачи бил возен од друг возач од засега неразјаснети причини излетал од патот.

Од СВР Охрид вчера потврдија дека во тој реон се случила сообраќајна несреќа.

Во текот на вчерашниот ден во изјава за „Република“ Тачи рече дека е добро и дека е надвор од државата.

Сеуште не е познато дали има повредени во несреќата.

Веста за медиумите ја потврдија и од партијата на лидерот на ДПА.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2018 14:37