Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13:30 часот на ул.“Маршал Тито“ во Градско помеѓу мотоцикл марка „Јамаха“ со скопски регистарски броеви управуван од П.С.(20) од с.Дреново - кавадаречко и патнички автомобил марка “Мазда-3“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од О.А.(40).
Како што појасни Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес, по незгодата на лекарски преглед во Приватна здравствена установа во Градско се јавиле сите учесници.
- Констатирани биле повреди кај возачот на мотоциклот и неговиот сопатник С.П.(30), додека возачот на автомобилот и неговите сопатници Г.С.(69) и А.С.(35) по укажаната медицинска помош биле упатени на болничко лекување, рече Додевски.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.