Ракометарите на Вардар во второто коло од Лигата на шампионите го пречекуваат Кристијанштад од Шведска. иако „црвено-црните“ важат за големи фаворити на овој дуел, левото крило Тимур Дибиров повика на сериозен пристап и максимално залагање.
- Го заборавивме натпреварот против Монпелје. Не сакаме да гледаме назад и секој меч е важен за нас. . Ние го сфаќаме противникот сериозно и ќе се обидеме да го одиграме натпреварот на исто ниво од прва до последна минута. Сакаме да победиме на овој натпревар, и се соочуваме со тим кој има искуство од неколку години со настапи во Лигата на шампионите, изјави Дибириов.
Вардар досега ги доби сите шест натпревари со шведскиот претставник во ЛШ, следниот е закажан за в сабота од 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански" во Скопје.