Неколку лица вчера на улицата „Методија Шаторов Шарло“ пред угостителски објект физички ги нападнале В.Г.(27) и М.З.(21) и двајцата од Скопје.

Инцидентот бил пријавен синоќа во 22:05 во Секторот за внатрешни работи Скопје, а пријавителот познал тројца од напаѓачите.

В.Г. во еден момент изгубил свест, а потоа заедно со М.З. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2018 11:38