Голманот на македонскиот ракометен првак Вардар, Дејан Милосављев е прогласен за најкорисен играч за септември во регионалната СЕХА лига.

Милосављев бранеше во извонредна форма во првите четири кола од сезоната и има двоцифрен ефект на одбрани на сите натпревари.

Голманот на Вардар доби најмногу гласови на социјалните мрежи од навивачите, а во конкуренција за признанието беа Јануш Лапајне од Татран Прешов, како и двајцата ракометари на Нексе, Томи Возаб и Морено Цар.

Милосављев на првиот натпревар сезонава против Металург забележа 12 одбрани, со Железничар имаше една помалку, а најефикасен беше на гостувањето кај Татран Прешов со вкупно 14. На последниот натпревар во септември против Стеауа имаше 12 интервенции.

Вардар во моментов е на првото место на табелата со максимални 12 бодови, колку што има и Нексе на втората позиција



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 18:12