Јавното претпријатие за државни патишта го рехабилитира патниот правец Радовиш-Подареш во должина од 9,8 километри.

Според информациите од Јавното претријатие за рехабилитација на оваа патна делница, која се состои од гребење и отстранување на досегашниот слој на асфалт и поставување нов, се обезбедени речиси 50 милиони денари сопствени средства.

Досега е изгребан еден километар од коловозот, а согласно динамиката целосната рехабилитација треба да заврши до јуни идната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2018 14:20