Непознати сторители искршиле урбaна опрема во „Паркот на бегалците“ во Струмица, информираат од ЈПКД „Комуналец“.

На удар на вандалите биле клупите за седење и друга урбана опрема, а кршењето е извршено во ноќните часови.

Од струмичкото комунално претријатие го осудуваат вандалското однесување и апелираат до граѓаните да бидат повнимателни кога станува збор за општите добра во општината.

Додаваат дека ќе биде покрената соодветна постапка за откривање и казнување на сторителите.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 11:29