По повод Светскиот ден на храната, 16 Октомври, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) во соработка со Црвениот Крст на Македонија, донираше 100 килограми свеж органски зеленчук на Центарот за бездомници во Чичино село.

Зеленчукот е набавен од Социјалното претпријатие „Покров“ од Струмица, чиј модел на работа и одгледување на зеленчукот вклучува лица кои се на третман од зависности во функција на излекување.

- Одбележувањето на Светскиот ден на храната е суров потсетник дека дел од популацијата се уште се бори со елементарната потреба - храна, велат од МАСИТ.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 15:10