Едно лице загина попладнево при верижен судир на автопатот Ниш-Белград во близина на местото Баточина, јави Танјуг.

Во судирот учествувале три товарни возила, два автомобили, комби и пикап.

Според белградските медиуми, во време на инцидентот на тој дел од автопатот имало густ чад предизвикан од запалена нискостеблеста шума во близина.

Поради судирот сообраќајот на автопатот е во прекин, а возилата се пренасочуваат на околните патишта, поради што е создадена километарска колона.

Ова е втор верижен судир на истиот автопат во последниве дестина дена. При судир на над триесет возила на потегот на автопатот помеѓу градовите Ќуприја и Јагодина, на 9 октомври, загинаа шест лица загинаа, а 27 беа повредени.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2018 15:43