Господата Ципрас и Каменос, заедно се подбиваат со граѓаните за уште неколку месеци да останат на власт, вели портпаролката на Нова демократија и европратеничка Мариа Спираки, во изјавата за „одговорностите на владата во скопското прашање“.
- Веќе пет дена господинот Ципрас избегнува да објасни зошто го отстрани господинот Коѕијас кој го поддржува Договорот од Преспа. А не господинот Каменос, кој наводно се бори против, но му дозволува на Скопје да создава завршени работи кои ќе биде сѐ потешко да се променат. Господата Ципрас и Каменос, заедно се подбиваат со граѓаните за уште неколку месеци да останат на власт. Вистината е една: оние кои дозволуваат да се заврши уставната ревизија во Скопје, носат огромна одговорност кон историјата. Прв од сите, господинот Каменос, изјави Мариа Спираки, јави дописничката на МИА од Атина.