Група од околу 200 мигранти денеска била спречена при обидот да ја мине границата на Босна и Херцеговина со Хрватска, на граничниот премин Маљевац во Велика Кладуша.
Граничната полиција потврди дека група од речиси 200 мигранти се наоѓа на оддалеченост од 200 до 300 метри од граничниот премин кон Хрватска, а ситуацијата ја контролираат припадници на Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон, со оглед на тоа дека мигрантите и натаму се наоѓаат на територијата на БиХ.
На терен се и припадници на хрватската полиција, а тој регион го надлетува и хеликоптер.