Вработените во Словенечката разузнавачка служба од СОВА го прекинаа својот бел штрајк по разговори со новоизбраниот директор Рајко Козмељ, потврди денеска претседателот на Синдикатот на државните органи на Словенија.

Разузнавачите штрајкуваа од 1 декември минатата година, постигнувајќи рекорд во должината на синдикален протест во историјата на Словенија досега, но, како што велат нивните синдикати, ја извршувале целокупната работа за разузнавање и безбедност на државата и граѓаните.

– Синдикатот на разузнавачката агенција го прекина штрајкот, бидејќи му верува на новиот директор дека новата влада ќе ја поправи ситуацијата во агенцијата, изјави денеска Франчишек Верк, претседател на синдикалната унија во државните органи и тела.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2018 15:48