Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека коцкарниците се финансираат од организираниот криминал,додавајќи дека „преку нив се врши перење пари од криминалот“.
Според него, штетата е огромна не само за општеството, туку и за националната безбедност.
-Вистината е таа, дека во Албанија постои една друга компонента која треба да се разгледа а тоа е активноста на коцарниците,кои во Албанија,во голема мера се финансиранат од организиран криминал, тоа е перење пари преку коцкање и се експоненти на организиран криминал кои се затскриени или се директно вклучени во овие активности, во најголем дел, не можам да го кажам тоа за сите,-изјави Рама на средба во тиранската населба Лапрак,која е најпогодена од феноменот на коцкарници.
Рама нагласи дека коцкарниците претставуваат една индустрија која просечно годишно врти најмалку 700 милиони евра,кои ,како што рече излегуваат од домовите на албанските граѓани а завршуваат во џебовите на организираниот криминал.
-Нормално, постои загриженост за оние кои се вработени или за оние кои инвестирале. Но,колосалната штета е таа која не принудува да се справиме со штетата која му се причинува на општеството,но исто така е и закана за националната безбедност. Тоа се пари со кои се финансираат медиуми, политички партии,-нагласи Рама.
Претходно шефот на албанската влада соопшти дека ќе бидат затворени сите казина,обложувалници и лотарии на главните улици во градовите и тие ќе ги дислоцира надвор од населените места,бидејќи,како што рече „оваа појава не оди во прилог на народот и државата“.
Казината ќе бидат достапни само во хотели низ земјата со пет ѕвездички, кои се наоѓаат надвор од градовите.
Според Рама, по затворањето на обложувалниците, од први јануари следната година во земјата нема да има и никаков „онлајн монопол“.