Преку неговиот официјален Твитер профил, министерот за одбрана на Грција и лидер на Независни Грци, вели дека се лажни објавите во медиумите, според кои на минатонеделната владина седница говорел за 50 милиони евра од Сорос за грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

– Бидејќи сирачињата на Симитис, по потресеноста од притворот на Папандониу, и се предадоа на операцијата дефокусирање на болката, веќе 48 часа постојано објавуваат наводно споменување од моја страна на владината седница за 50 милиони евра од Сорос за Владата. Тоа се лаги. Доказ се стенограмите и присутните, напиша Каменос на неговиот официјален Твитер профил.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 17:45