Изјавата на германскиот пратеник во Бундестагот Питер Бајер дека условот за влез на Србија во ЕУ е де јуре признавање на Косово е –неприфатлив и ги дестабилизира односите меѓу Белград и Приштина, речиси целосно ја затвора вратата за понатамошни разговори и ги охрабрува Албанците да продолжат да се спротивставуваат на секое компромисно решение, изјави за новинарите Милован Дрецун, претседател на Одборот за Косово во српскиот парламент.

Тој е првиот официјален претставник во Белград, кој реагираше на изјавата Питер Бајер. Дрецун испрати и порака која се слуша за првпат во Белград:

-Нема да не примите во ЕУ ако не ја признаеме лажната држава Косово? Тогаш не сакаме да бидеме во ЕУ, рече Дрецун, додавајќи дека смета да германскиот пратеник излегол од контекст, давајќи екстремна политичка изјава.

Пратеникот на германскиот Бундестаг Петер Бајер, кој е член на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел и координатор на трансатлантската соработка во германскиот Бундестаг, вчера изјави за Танјуг дека е дојден во Белград да го пренесе германскиот став дека Косово е фактички територијално независно и дека Србија треба да ја признае „де јуре” „суверената држава Република Косово”, бидејќи во спротивно нема да влезе во Европската унија.

Тој исто така потвтори и дека Германија е против размената на територии или корекција на границите.

– Целта на мојата посета на Белград, освен запознавањето со напредокот на Србија во процесот на европската интеграција, е да го пренесам ставот на Германија дека идејата за размена на територии е лоша и опасна, порача Бајер.

– Ние воопшто не размислуваме да ги поддржиме ваквите идеи и оваа позиција на германската канцеларка Ангела Меркел нема да се промени, и тоа е онаа клучна работа која сакам да ја пренесам како порака од Берлин, објасни Баер.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 17:50