Многу е важно Западен Балкан да остане на листата на приоритети на Европската унија, смета бугарската министерка Лилјана Павлова, задолжена во првата половина од годината за претседавањето на ЕУ.

– Самитот на Европската унија и земјите од Западен Балкан, кој во мај оваа година се одржа во Софија, беше многу важен момент за проширувањето на Западен Балкан повторно да се постави високо на европската агенда, бидејќи ова прашање одамна е еден од приоритетите, вели Павлова..

Што се однесува до 2025 година, како можен датум за пристап до нови членки од регионот, Павлова рече дека оваа година беше понудена како опција ако земјите кандидати ги исполнат сите услови и ги решат отворените билатерални прашања.

-Постои добра волја од двете страни, вели Павлова, истакнувајќи дека проширувањето на ЕУ во земјите од Западен Балкан е многу важно.

Таа истакна дека е многу важно во 2020 година да се одржи уште еден самит во Хрватска, на кој ќе се разгледуваат следните чекори во врска со проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

Повторното поставување на Балканот на европската агенда беше, како што вели, многу предизвикувачко за Бугарија, но во тоа успеале, а верува дека европската перспектива на регионот ќе биде едно од важните прашања не само за актуелното шестмесечно австриско претседавање, туки и за Романија, која ќе го преземе претседавањето со ЕУ следната година



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 22:56