Александар Дрљевиќ, главниот преговарач на Црна Гора за пристапување во ЕУ порача денеска дека е неопходно сите држави од регионот уште подинамично да тргнат на европскиот пат, бидејќи тоа ќе биде добро за целиот Западен Балкан.

Дрљевиќ, на конференцијата „Западен Балкан и ЕУ- перспектива“, која се одржува во Будва, рече дека 2018 година ја гледа како пресвртница и европска година за регионот и Црна Гора.

-Ова е пресвртница кога процесот на интеграција е во прашање, особено ако се земат предвид предизвиците пред кои е ЕУ, како што е Брегзит, оцени тој, потсетувајќи дека Самитот во Лондон го стави во фокус Западен Балкан преку конкретни проекти во инфраструктурата, со кои се сака да се обезбеди подобра соработка и комуникација меѓу неговите земји.

Дрљевиќ, меѓу другото, истакна дека во Црна Гора околу 63 отсто од граѓаните го поддржува влезот на земјата во ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 22:59