Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, во првичната реакција по оставката на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај, оцени дека тоа е почеток на падот на ковладеењето на Еди Рама со криминалот.

Тој додаде дека заминувањето на Џафај, кој, како што наведува, е единствен прв човек на полиција во Европа, чиј брат е нарко шверцер, претставува „значаен чекор на опозицијата во прочистувење на политиката од криминалот“.

– Со Фатмир Џафај, криминалот ја стави под целосна контрола полицијата и Обвинителството. Но, неговото заминување е само почеток на колапсот на ковладеењето на Еди Рама со криминалот. Битката за ослободување на политиката, економијата и општеството од криминалот ќе продолжи до победа. Албанците заслужуваат влада која работи за луѓето, посочи Баша.

Албанската опозиција во континуитет, со месеци, бараше оставка од Џафај поради вмешаност на неговиот брат Агрон Џафај во трговија со наркотици, за што е баран од италијанските власти.

Инаку, оставката на Џафај ја соопшти премиерот Рама на Твитер, додавјаќи дека истата ја прифатил и на негово место именуван е поранешниот воен претставник Сандера Леши.

Неговиот избор треба да биде одобрен од претседателот на Албанија, Илир Мета, по што само формлано ќе помине и на гласање во Парламентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2018 13:42