За соработката и заедничките предизвици, за теми поврзани со енергетиката, миграцијата, надворешната политика, економијата, инвестициите и слично, ќе стане збор на третиот Евро – арапски светски самит што од денеска почнува во Атина под покровителство на Европскиот парламент.
Како што јави дописнчката на МИА од Атина, на дводневниот самит под наслов “Заеднички хоризонти” учествуваат лидери на европските и арапските земји, како и претставници на Европската комисија, додека пак на почетокот, на присутните ќе им се обрати грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Свои обраќања на почетокот на првиот ден од Самитот ќе имаат и претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, комесарот за миграциска политика, Димитрис Аврамопулос, министри од владите на Мароко, Австрија, Малта, Србија, Египет, Катар, Либија и домаќинот Грција.