Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) во најновиот извештај за земјите од светот објави дека главните фактори за поволен економски раст на Србија се економските реформи и стратешката локација на земјата.

Извештајот објавен на веб-страницата на ЦИА ја како поволни фактори ги наведува „релативно евтината и квалификувана работна сила“ и договорот за слободна трговија со ЕУ, Русија, Турција и земјите од Централноевропскиот договор за слободна трговија. Како главни економски предизвици, ЦИА ги истакнува стагнативните приходи на домаќинствата, потребата да се отворат нови работни места во приватниот сектор, структурните реформи на претпријатијата во државна сопственост и реформата во јавниот сектор.

Другите предизвици се – неефикасен правен систем, високо ниво на корупција и стареење на населението.

Во извештајот на ЦИА исто така се споменува дека Србија е „точка на претовар“ на хероин од Југоисточна Азија до Западна Европа и оти има „економично чувствителна“ економија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 09:48