Историскиот Договор од Преспа даде модел како преку преговори и политички договор да се решат долгогодишни прашања кои имаат особено тешки идентитетски проблем, рече пратеникот од СИРИЗА и претседател на постојаната комисија за надворешни прашања и национална одбрана во грчкиот Парламент, Костас Дузинас, говорејќи на вториот ден од евроарапскиот самит што се одржува во Атина.

-Овој договор го почитува самоопределувањето и културното признавање на нашите северни соседи и целосно ги заштитува историските и културни интереси на грчкиот народ. Во оваа смисла, ние сме многу горди за овој договор, кој јасно ја издигнува позицијата на Грција во регионот и на меѓународно ниво, но уште поважно даде модел, како преку преговори и политички договор да се решат долгогодишни прашања кои имаат особено тешки идентитетски проблем, рече Дузинас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, пратеникот од СИРИЗА и претседател на постојаната комисија за надворешни прашања и национална одбрана во грчкиот Парламент, на присутните на панелот посветен на соработката на Грција со арапските земји, им објасни дека “неодамнешниот историски договор потпишан на Преспанското езеро” ги одредува “историските, политичките и културните граници меѓу двете соседни земји”.

-Тоа гарантира дека иднината на односите меѓу двете земји и поширокиот регион на Балканот ќе биде иднина на мир и ко-развој и заеднички економски развој, додаде Костас Дузинас, поренесе МИА.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 14:57