Околу 20 лица се притворени во Бугарија за продажба на бугарски пасоши за граѓаните на Украина, Молдавија и Македонија. Шефот на одделот за бугарската дијаспора е меѓу затворениците, објави украинската служба на Радио Слобода.

Надлежните во Бугарија откриле дека осомничените добиле околу пет илјади евра по пасош. Тие се обвинети за корупција, фалсификување документи, злоупотреба на службената должност и создавање криминална група.

Бугарија стана членка на Европската унија во 2007 година. Со тоа, бугарските пасоши им дозволија на граѓаните на Бугарија слободно да се движат и да престојуваат во ЕУ.

Министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин, претходно изјави дека Украина се соочува со потребата за разгледување на прашањето за двојно државјанство.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 16:47