Косовскиот Апелациски суд ги отфрли како неосновани жалбите на адвокатите против одлуката за 30-дневен притвор за заменик-министерот за регионален развој на Косово, Муса Цена и две други лица обвинети за „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Со ова, останува на сила мерката притвор за Цена, едно службено лице од општина Ораховец и еден сопственик на приватно претпријатие, што им ја изрече приштинскиот Основен суд.
Цена, шефот на Управата за земјоделство во Ораховец Нусрет Шаља и сопственикот на фирмата „Џентл Рисрч“, Хазер Шеху, беа уапсени на 20 октомври, по што им беше одреден 30-дневен притвор. По ова, косовскиот премер Рамуш Харадинај го разреши заменик-министерот, кој доаѓа од редовите на неговата партија, Алијансата за иднината на Косово (ААК).