Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтероват скала е регистриран попладнево во Јонското Море, на 49 километри југозападно од грчкиот остров Закинтос.
Според првичните податоци на атинскиот Институт за геодинамика, длабочината на земјотресот била на 10 километри. Потресот бил почувствуван е и во областа на Атина.
На 26 октомври регионот беше погоден од силен земјотрес од 6,4 степени според Рихтер, кој предизвика голема материјална штета.
Сеизмолозите предвидуваат дека е можна втора серија земјотреси во таа област.