Северна Кореја го подготвува својот нуклеарен полигон „Пунгери“ за меѓународни инспекции, објави јужнокорејската агенција Јонхап, која се повикува на јужнокорејската разузнавачка служба.

Иако Северна Кореја ги запре нуклеарните и ракетни тестирања во изминатата година, таа не дозволуваше да се спроведат меѓународните инспекции на полигонот „Пунгери“, кој беше разурнат во мај. Тоа предизвика критики дека нејзините акции се привидни само за надворешниот свет, а дека во реалност таа брзо ќе го обнови полигонот.

– Северна Кореја се согласи меѓународните инспектори да го следат „уривањето засекогаш” на големите ракетни локации, како и да ги следат чекорите како што се затворањето на нуклеарниот комплекс „Јонбон“ во замена за реципрочни мерки од страна на САД, изјави во септември претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин по средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 09:49