Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека формирањето војска на Косово е предизвик и закана по безбедноста во регионот. Тој, исто така, оцени дека српскиот претседател Александар Вучиќ со право е загрижен поради случувањата во Косово.

– Формирањето војска на Косово покажува намера и каква политика сакате да водите и каква е потребата да се формира каква и да е вооружена формација, изјави Вулин за ТВ Пинк.

– Што ќе ви е војска, за што таа служи, против кого ќе се борите, ќе ја нападнете Црна Гора, Северна Македонија, силите на КФОР, Албанија?, ги праша Вулин косовските власти.

– За што служи? Ако ви служи за борба против Србија, веднаш распуштете ја бидејќи Србија нема намера да ја напаѓа својата јужна покраина и нема намера да учествува во какви било војни или судири, истакна Вулин. Тој оцени дека војската на Косово „очигледно треба да служи само за тоа и тоа е единствената идеја“.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 10:11