[photo]

Шефицата на Канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Косово Наталија Апостолова ги замоли уште еднаш косовските политичари да престанат да ја убедуваат јавноста дека укинувањето на визите ќе се случи до крајот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Апостолова изјави дека либерализацијата е процес во развој и дека сега останува на државите членки на ЕУ индивидуално да одлучат за укинувањето на визите за Косово.


Апостолова бара од косовските политичари да не ветуваат датуми за укинување на визите

На средбата што утрово, заедно со претседателот на косовското Собрание Кадри Весели, ја имаше со членовите на собраниската Комисија за законодавство, претставничката на ЕУ рече дека во моментов не може со сигурност да се каже кога ќе завршат процедурите за либерализација за Косово.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 11:23