Серж Брамерц, обвинител од Механизмот за Меѓународни кривични трибунали (ММКТ) во Хаг предупреди на неприфатливата пракса на величање личности осудени за воени злосторства на подрачјето на поранешна Југославија и изрази незадоволство од тоа што обвинетите за вооени злосторства во БиХ ја избегнуваат правдата со тоа што бегаат во Хрватска или Србија.

– Тоа е она што ја подрива регионалната соработка. Како ќе ги мотивирате истражителите и обвинителите да процесираат лица од своја националност кога имате политички лидери кои јавно зборуваат за осудени злосторници на начин што ги величаат, ги повикуваат на јавни настани и јавно ги воздигнуваат? Тоа е целосно неприфатливо, рече Брамерц во интервју за сараевскиот портал „Кликс“.

Тој потенцира дека оние кои се процесуирани за воени злосторства на ниту еден начин не можат да се сметаат за херои, бидејќи се одговорни за убиства, грабежи и силувања.

– Тие поединци, кои се величаат како херои се токму она најлошото што општеството го произвело, вели Брамерц.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 13:06