Претседателот на Собранието и лидер на Демократската партија на Косово (ПДК) Кадри Весели на денешната вонредна седница на која, на барање на опозицијата, се расправа за дијалогот со Србија, изјави дека претседателот Хашим Тачи ќе ја испочитува резолуцијата која евентуално ќе се донесе денеска, јави дописникот на МИА од Приштина.
Весели ја повика опозицијата да се обедини за да помогне во процесот на решавање на споровите со Србија и вети дека ќе ги поддржи нејзините оправдани барања.
Парламентарниопт спикер и лидер на ПДК изрази надеж дека сите заедно ќе донесат сеопфгатна резолуција за дијалогот со Србија.
На почетокот на денешната седница, шефот на пратеничката група на најголемата опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) ја прочита предлог-резолуцијата, со која му се забранува на Тачи и на секој друг да преговара за косовската територија.
– „Корекцијата на границата“, за што инсистира Тачи, всушност претставува корекција на суверенитетот на Косово, рече Хоти, нагласувајќи дека забраната зџа пазарење со територии никако не значи дека се бара прекин на дијалогот со Србија.
Дебатата во Собранието на Косово продолжува, при што сите пратеници кои расправаа, и од власта и од опозицијата, се заложија за зачувување на суверенитетот на Косово и против промена на границите.