Во индиската сојузна држава Гуџерат, на западот од земјата, при вонредни безбедносни мерки, беше откриен највисокиот споменик во светот.

Лично индискиот премиер Нарендра Моди ја откри бронзената статуа на Сардар Валабхај Пател, клучен лидер во борбата за независност на земјата, познат како „Железниот маж“, кој беше и прв министер за внатрешни работи на Индија, по напуштањето на британските колонијалисти во 1947 година.

Споменикот е висок 182 метри, а само постаментот е висок 25 метри. Изградбата на објектот чини 29,9 милијарди рупии (358 милиони евра), а тој тежи 100.000 тони и е двапати поголем од Статуата на слободата во Њујорк.

Подигањето на споменикот предизвика незадоволство кај месните етнички малцинства, главно поради потрошената сума пари, па поради опасност од немири, властите за свеченоста ангажираа 5.000 полицајци, разпоредени на радиус од 10 километри од местото на коешто беше откриена статуата.

Премиерот Моди смета дека зданието, познато како Статуа на единството на Индија, ќе привлече многу туристи.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 16:42